Милевски: Во јуни ќе мораме без Адеми, Јаховиќ и Костадинов, собирот е на 26 мај!

2126

Мартовските баражи за пласман на СП во Катар 2022 се зад над. Познато е дека Македонија беше на чекор до исполнување на сонот, но сепак на Мундијалот ќе настапи Португалија а ние засекогаш ќе го паметиме триумфот над Италија во Палермо.

Сега е време за нови предизвици. Веќе на 2 јуни стартува Лигата на Нации, а ние сме во сегментот – Ц, каде сме во група со Бугарија, Грузија и Гибралтар.

Секако дека најмеродавен за тоа што ќе се случува во пресрет на тие четири меча во јуни, е селекторот Благоја Милевски кој за “Спортмедиа“ кажа и една лоша вест…

Па, за овој јунски циклус во Лигата на Нации ќе мораме без Аријан Адеми, Адис Јаховиќ и Тихо Костадинов. Адеми и Јаховиќ нема да можат да бидат со репрезентацијата поради замор, а познато е дека долго време имаа и проблеми со повредите. А Костадинов е на рехабилитација по тешката повреда и операцијата. Тие тројцата ќе го прескокнат овој циклус“ вели Милевски.

May be an image of 3 people and people standing

Спортмедиа“ деновиве објави дека Милевски за овој циклус ќе ги повика и Димоски и Митровски од А. Пандев.

Списокот ќе биде објавен на 23-24 мај, барем такви се плановите. На него ќе има 28 фудбалери. Мораме да повикаме повеќе играчи зошто за 10 дена се играат дури четири натпревари. Не би сакал сега да говорам за тие што ќе добијат повик, сепак може да кажам дека полека, но сигурно ќе одиме и на мало подмладување на составот, или подобро кажано освежување. Се разбира дека сакаме успешен настап во Лигата на Нации, но сакаме и да ја освежиме селекцијата. Познато е дека наш главен приоритет ќе бидат квалификациите за ЕП 2024“ констатира нашиот селектор.

Инаку тој кажа дека собирот за мечевите со Бугарија (гости 2- јуни), Гибралтар (гости –5 јуни), Грузија (дома – 9 јуни) и Гибралтар (дома – 12 јуни) ќе биде на 26 мај.

Да, официјалниот собир ќе биде на 26 мај, а дел од играчите ќе ни се приклучат два дена подоцна. Јасно е дека не чекаат напорни десет дена во кои ќе треба да одиграме дури четири натпревари, а сега е крај на сезоната, играчите едвај чекаат да одморат, сепак што е тука е. Како за сите така и за нас“ заврши Милевски.

ПретходноКонте запеа пред камери: Бев добар пејач пред да станам тренер (ВИДЕО)
СледноРистовска без грешка, ЦСКА на победа до финале