Судијата што и судеше на Македонија во Палермо ќе биде “главен“ во финалето во ЛШ!

249

Очекувано со оглед на тоа дека финалето во ЛШ ќе се игра во Париз и што Франција со децении наназад немала судија кој ја делел правдата во најзначајниот меч во клупскиот фудбал во една сезона.

Клемен Турпан е одреден за главен судија за финалето во Лигата на Шампионите во кое на “Стад де Франс“ во Париз на 28 мај се среќаваат гигантите Ливерпул и Реал Мадрид.

Ние го паметиме по добро, имено тој и судеше на Македонија во Паклермо, во мечот кој со голот на Трајковски ја победивме Италија.

Инаку Турпан важи за еден од најдобрите судии во се светот, лани тој го судеше и финалето во Лигата на Европа.

ПретходноКошаркарите на Ангели не застануваат – ги демолираа „Академците“
СледноРаботнички убедлив против „штркчињата“, Кожув го освои Куманово