Холандскиот гигант Ајакс наскоро ќе го објави името на својот нов тренер. Актуелниот тренер Ерик Тен Хаг заминува на клупата на Манчестер Јунајтед на крајот од сезоната, а според холандските медиуми клупата во Амстердам ќе му биде доверена на 49-годишниот Алфред Шредер, кој моментално е на чело на белгиски Бриж.
Преговорите со него се во завршна фаза и се чека неговото официјално именување. Шредер е добро познато име во Холандија, бидејќи го водеше тимот на Твенте и работеше со Хофенхајм во Германија.