ОФИЦИЈАЛНО: Јокиќ и втора година по ред е МВП во НБА лигата (ВИДЕО)

90

Центарот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ, и официјално е прогласен за најкорисен играч во НБА, веќе втора сезона по ред. Српскиот центар ја заврши регуларната сезона со просек од 27,1 поен, 13,8 скока, 7,9 асистенции, 1,5 украдени топки и 0,9 блокади.

Тој стана првиот играч во историјата на НБА со 2.000 поени, 1.000 скокови и 500 асистенции во една сезона. Во отсуство на другите двајца лидери на тимот, Џамал ​​Мареј и Мајкл Портер, Јокиќ им помогна на Нагетс да стигнат до плеј-офот, но тимот беше елиминиран во првото коло од Голден Стејт со 1-4 во серијата.

Јокиќ е 15-тиот играч во историјата на лигата кој има добиено МВП награди повеќе од една. Истотака, тој стана 13-тиот кој ја освоил наградата двапати по ред.

Јокиќ, според резултатите од гласањето на новинарите, добил 875 поени (65 први места), Ембид освоил 706 поени (26 први места), а Јанис добил 595 поени (9 први места).

ПретходноМанчестер Ј. во напад: Подготви 84 милиони евра за Осимен
СледноМВП наградата ја прими во штала, плачешe, па отиде на хармоника (ВИДЕО)