Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер Сити, изјави дека новитетот во неговиот тим, Ерлинг Халанд нема да има никаков притисок околу постигнувањето на голови во дресот на клубот.
„Мислам дека ова е сјаен потез на управата на клубот за иднината. Добивме сјаен напаѓач. Тој со сигурност ќе го носи дресот на Сити со години.Ја сакам оваа работа, а кога имаш можност да работиш со таков играч, ја сакаш уште повеќе. Добрите играчи создаваат и добри менаџери“ – изјави Пеп, па додаде.
„Нема да има никаков притисок околу постигнувањето на головите. Одбраната не зависи само од стоперите, истото важи и за напаѓачите. Важно е да победуаме како тим, и секој да име придонес во тоа. Халанд со сигурност ни носи огромен квалитет“ – изјави Пеп.