Рајо Валјекано – Вилјареал 1:5 заврши средбата од 36.коло во Ла Лига вечерва. Нашиот Столе Димитриевски прими пет голови во својата мрежа, едноставно не можеше ништо да стори против расположените стрелци на полуфиналистот во Лигата на Шампионите оваа сезона.
Серијата голови ја отвори Педраца уште во 3.минута, Фојт во 27.минута зголеми на 1:2. Претходно Гвардиола израмни на 1:1, но тоа само како да ги налути гостите па продолжија да ја решетат мрежата на Македонецот. Алкасер и Торес до крајот на првиот дел постигнаа два гола за водство од 1:4, со што ставија „печат“ на победата.
Во вториот дел Рајо се обиде да стори нешто, но со голот на Педраца во финишот резултатот на крајот гласеше 1:5.