Реал со “шестка“ го испрати Леванте во Сегунда, играше и Барди, Бензема урива рекорди…(ВИДЕО)

433

И официјално Леванте во следната сезона ќе игра во Сегунда, во Втората лига по ранг во Шпанија. Вечерва на „Бернабеу“ Реал Мадрид уште еднаш одигра “КРАЛСКИ“, уште еднаш одигра шампионски и со 6:0 успеа да го победи Леванте.

На овој меч настапи и нашиот репрезентативец Енис Барди.

Дека црно му се пишува на Леванте се виде уште на стартот од мечот кога Менди во 13.минута срелаше за 1:0. Веќе во 19.минута Реал водеше со 2:0 и тоа со голот на неверојатниот Бензема. Во 34.минута Родриго го зголеми водството на 3:0, но тоа не беше се во првото полувреме. Имено Винициус во 44.минута ја погоди мрежата на гостите за 4:0, со овој резултат се замина на пауза.

Во вториот дел Леванте во неколку наврати можеше опасно да го загрози голот на “кралевите“, Барди имаше и асистенција, но Моралес не успеа да го погоди голот.

Затоа Винициус во 68.минута стрелаше за 5:0, во 83.минута уште еден гол за Бразилецот, доволно за хет – трик.

Бензема со својот гол успеа да достигне легендарниот Раул во поглед на головите. Сега и двајцата имаат по 323 голови и го делат второто место во историјата на Реал за играчи со најмногу голови.

На прво место и натаму е Роналдо со неверојатни 450 голови.

Треба да се каже дека Модриќ имаше три асистенции во едно полувреме.

 

 

Image

ПретходноНадал елиминиран од Шаповалов во Рим!
СледноЖдрепката за баражите за ПМФЛ во вторник, Тиквеш и Скопје ги чекаат своите противници