Вардар 1961 завери Куп финале: Талески и Дибиров убиствен тандем за битолчани

284

Вардар 1961 ја оправда фаворитската улога против Е.Пелистер 2 во првата полуфинална пресметка во Купот на Македонија. Против вториот битолски тим славеше со 24-28 (11-13) и завери место во финалето во кое ќе игра со подобриот од мечот меѓу Е.Пелистер и Бутел Скопје.

Талески и Дибиров со вкупно 19 беа лидери кај скопскиот состав, првиот постигна 10, вториот девет. Томовски имаше 10 одбрани. На другата страна Петровиќ имаше шест гола.

Избраниците на Давид Дејвис одиграа онолку колку што беше потребно за да се добие оваа средба. Не беа доминантни како пред неколку дена, но чуваа сили за главната битка во недела, да го одбранат Куп трофејот.

Е.Пелистер отвори со 3-1, Вардар врати со 4-0 за 3-5, момент од кој го превзема водството, дојде на плус четири 5-9, имаше и 9-13, но противникот на одморот успеа да намали на минус два (11-13).

По три и пол минути во второто полувреме, Вардар 1961 поведе со 12-16. Пред средината на второто полувреме, битолските ракометари со 6-3 намалија на еден гол (18-19). Искуството си го стори своето, Вардар предводен од Дибиров, Џукиќ и Валчак врати со серија од 1-5 за највисоки 19-24 во 50. минута. Бранителот на трофејот го има и расположениот Томовски.

Младите ракометари на Е.Пелистер 2 искористија неколку грешки на противникот, намалија на минус два (23-25) во 53. минута. Битолчани немаа сили за нешто повеќе, во самиот финиш падна темпото, Вардар осигура плус четири (23-27), доволни за победа.

ПретходноХалилхоџиќ попушти: Мазрауи се врати во репрезентацијата на Мароко, на ред е и Зијеш! (ВИДЕО)
СледноТомовски: Среќни сме, ќе играме финале! Нашата цел е трофејот!