Алан Сент – Максимин се соочува со санкции од страна на раководството на Премиерлигата, и само поради фактот дека тој има некои каприци. Имено фудбалерот на Њукасл за време на мечевите на својот тим тој носи на глава „Гучи“ лента. Со оглед на тоа дека таа компанија не се рекламира во Премиерлигата него му кажано да ја тргне. По извесно време Сент – Максимин ја заменува лентата со друга на која сега е друг моден бренд, а тоа е „Луј Витон“. Интесно е тоа што една таква лента чини 200 фунти.
Па така сега, барем според најавите од Островот, би можел да биде суспендиран со забрана на настап на неколку меча, а парично би можел да биде казнет со неверојатни 100.000 фунти.