Тухел ќе ризикува: Ковачиќ и Канте ќе бидат во тимот за финалето со Ливерпул

316

Матео Ковачиќ и Н’Голо Канте би можеле да бидат во составот на Челзи за финалето на ФА Купот против Ливерпул. Ковачиќ заработи повреда на скочниот зглоб на натпреварот против Лидс во средата, а Французинот ги пропушти последните три натпревари.

„Ќе се обидеме. Медицинскиот персонал даде зелено светло. Нема нова повреда, туку сериозна болка и оток“, објасни Томас Тухел за ситуацијата на Ковачиќ.

За Канте вели: „Ќе се обидеме и со него, тој сака да игра. Ова е време за преземање ризици. Средбата со Ливерпул е последна од големо значење за Челзи до крајот на сезоната“, вели Тухел.

ПретходноЧетири руски клубови ја тужеа УЕФА пред спортскиот суд во Лозана
СледноВориорси одат во конференциското финале, Бостон се избори за седми натпревар (ВИДЕО)