Некогашнот младинец на Баер Леверкузен, а потоа играч и на Нирнберг, Фенербахче и Башахшехир, Серез Оштурк е осуден во Турција на 12 годишна затворска казна за убиството кое го изврши минатата година. Инцидентот се случи додека Оштурк бил со својот автомобил и заедно со свој пријател влегле во расправија со поголема група. Физичката пресметка за нив завршила со пораз, но кога се вратиле дома да ги остават своите семејства, и тргнале во болница ја пресретнале истата група. Но, тогаш Оштурк имал оружје со себе, што било фатално за еден од противничката група, додека четворица биле ранети. Името на убиениот е Халил Ибрахил Шолтен. Оштурк во судот се бранел дека не бил испровоциран туку нападнат, и дека тој се бранел за својот живот, и дека доколку не го сторел тоа што го сторил тој ќе бил мртов.