Одлична Македонија: Рафал за Казахстан за јуриш на ЕП! (ВИДЕО)

934

Прекрасна игра и супер победа од 4:0 во “генералката“ пред ЕП за Македонија. Рафал за Казахстан, одиме со јуриш кон Евро 2020.

Одлична контрола, одлично издание на “рисовите“, се гледа дека добро сме подготвени за она што не очекува на ншиот деби настап на едно големо натпреварување.

Многу шанси, многу голови. Серијата ја отвори Алиоски од пенал, па стрелаше и Тричковски. Посебен шмек дадоа младите сили, Милан Ристовски и Дарко Чурлинов. Првиот постигна гол во своето деби за репрезентацијата, а вториот исто така за првпат стрелаше за Македонија.

ПЕНАЛ ВРЗ ЕЛМАС, АЛИОСКИ ЗА ВОДСТВО

Почнавме без четворица во составот од минатиот меч со Словенија, но сепак уште на стартот покажавме агресивност, доминација, покажавме дека не интересира само победа. Не му дозволивме на гостинот ни да се приближи до нашиот гол. Првата шанса ја искреира Пандев, капитенот идеално го проигра Тричковски кој се наде еден на еден со Покатилов, но шутиташе покрај голот.

Потоа се редеа шансите на Костадинов, кој стрелаше убаво од далечина, па на Ристевски, Во 29.минута Куат за малку ќе си дадеше автогол. Водството дојде во 35 минута кога Елмас извонредно продре во казнетиот простор, тука стартуваше Бејсебеков, а судијата покажа на белата точка. Сигурен беше Алиоски за 1:0.

 

Во последните секудни од првиот дел тензија на теренот. Мужиков грубо стартуваше врз Ристевски, настана мала мешаница а судијата му покажа црвен картон на репрезентативецот на Казахстан.

ПАНДЕВ, ПА КОСТАДИНОВ И ТРИЧКО ГОЛ ЗА 2:0

По мало затишје на почетокот од вториот дел вистинска бура во 57.минута. Пандев ја започна супер акцијата, топката дојде до Костадинов а овој несебично до Тричковски кој стрелаше за 2:0. Прекрасна акција за сигурно и заслужено водство.

По тој гол измени во нашиот тим. Влезе и Милан Ристовски, на кого ова му беше деби настап.

Следуваше игра без никаков ризик, сигурни бевме на средината од теренот без некоја посебна потреба да одиме во напад. Имавме теренска иницијатива, но како да го намаливме малку темпото.

Следуваа моменти со повеќе измени во двете репрезентации, а нашите продолжија да ги контролираат настаните на теренот.

СУПЕР ДЕБИ СО ГОЛ ЗА М. РИСТОВСКИ, СТРЕЛАШЕ И ЧУРЛИНОВ…

И тоа не беше се. Се играше 74.минута. Трајковски изведе корнер а Милан Ристовски со супер гол со глава погоди за 3:0. Каков деби за помалиот брат на Стефан Ристовски.

Уште една радост, но сега во главна улога е Чурлинов, и тој погодува за зголемување на водството, за 4:0.

Добри се овие млади момци, како играат, какви голови даваат.

Браво и браво.

Публиката просто уживаше во овој натпревар.

Пријателска

МАКЕДОНИЈА – КАЗАХСТАН 4:0 (1:0)

Национална Арена “Тодор Проески“ во Скопје. Гледачи: 10.000. Судија: Милован Милачиќ (Ц. Гора). Стрелци: Алиоски (п) 35., Тричковски 57., М. Ристовски 74.,Чурлинов 76. (МАК). Ж. Картони: Тапалов (КАЗ). Ц. Картони: Мужиков 45. (КАЗ).

МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Ристовски, Муслиу, Ристевски, Николов, Костадинов, Елмас, Алиоски, Спировски, Пандев, Тричковски.

Играа уште: М. Ристовски, Аврамовски, Трајковски, Чурлинов. Бејтулаи, Велкоски.

КАЗАХСТАН: Покатилов, Тапалов, Марокин, Малиј, Бејсебеков, Валулин, Мужиков, Тагјберген, Куат, Нургалиев,Шеткин.

Играа уште: Муртазаев, Сујумбаев, Сеисен, Бајтана, Касум.

ПретходноМАКЕДОНИЈА ПОВЕДЕ И СО 4:0: Дебитантски голови на Ристовски и Чурлинов (видео)
СледноБајсуфанов: Противникот едноставно беше поквалитетен, Пандев иако е ветеран е вистински мајстор