Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ го совлада Каспер Руд со 2-0 во сетови и се пласираше во финалето на Мастерсот во Рим. Српскиот тенисер за еден час и 43 минути игра славеше со резултат 6:4, 6:3 и со тоа ја забалежа 1000-та победа во кариерата.
За шестата титула во главниот град на Италија, прва по две години, ќе се бори со Стефанос Циципас, кој претходно денеска со пресврт го совлада Александар Зверев.