Така е кога се победува, кога на противникот не му даваш да дише, кога просто го разнесуваш. Некој ќе рече па Казахстан е ова. Па, не е важно кој р противникот, поважно е како нашите “рисови“ играа. Постигнаа четири голови против Казахстанците, а можеа барем уште толку.
И тоа во комбиниран состав.
И кога е така тогаш публиката, која вечерва на Арената во Скопје ја имаше блиску 10.000, просто уживаше.
На крајот со аплаузи ги испрати “рисовите“ на ЕП.