Евертон можел да го доведе Халанд за 70.000 евра но….

254

Ерлигн Халанд е нов член на тимот на Манчестер Сити. Тој од селедната, па во наредните пет сезони ќе биде дел од овој клуб, и тој веќе се збогува со клубот, соиграчите и навивачите во Борусија Дортмунд.

Сега, откако неговата трансфер сага е завршена, излезе интересна приказна како младиот напаѓач многу лесно може да заврши во друг англиски клуб.

Своевремено, тој сеуште како млад играч, бил понуден на Евертон, за сума од 70.000 евра. Сепак, бордот на Евертон сметал во тоа време дека Халанд ќе порасне уште повеќе од тоа што бил во моментот, и ќе загуби од моторикка, агилност, брзина…

„Да, точно е дека можевме да го доведеме. Сепак, анализите тогаш ни покажаа дека тој не е за нас. Беше и премногу млад и висок, и заклучокот беше дека премногу ќе израсне и ќе загуби на ефикасност. Како што и самите гледате, тоа од денешна перпсектива воопшто не е точно. Напротив, стана многу по моќен, брз и добар“ – изјави Брајан Кинг, скаутот на Евертон за Скандинавија.

 

ПретходноИва Младеновска собра две признанија: Ми значи МВП признанието, но повеќе ми е важен пехарот со Металург!
СледноПрекин на финалето во Кавадарци: Влегоа „Комити“, „Чкембари“ за малку ќе влезеа на терен (ВИДЕО)