Неверојатен меч попладнево меѓу Вест Хем и Манчестер Сити во рамките на 37.коло, еден од клучните во битката за титулата. Имено “Чеканите“ водеа со 2:0 по првото полувреме, со головите на Боувен, тоа беше шок, со пораз на Сити секако дека Ливерпул се враќаше во игра за титулата.
Сепак во второто полувреме, тимот на Пеп одигра како што знае и успеа да се извлече од пораз, а можеше и да победи ако Марез на 2:2 успееше да го реализираше пеналот.
Претходно Грилиш намали на 1:2, а Коуфал со автогол ги постави конечните 2:2. Голем бод за Сити.
На останатите мечеви беа постигнати следните резултати. Астон Вила – Кристал Палас 1:1, Ватфорд – Лестер 1:5, Вулфс – Норвич 1:1.