Наполи успеа со 3:0 да ја победи Џенова и со тоа да ја втурне кон Серија Б, иако сите шанси на најстариот тим во Италија не се загубени. Наполи со головите на Осимен во 32.минута,. Инсиње во 65. и Лоботка во 81.минута, успеа убедливо да го добие овој меч.
Да кажеме дека Елиф Елмас имаша крајно епизодна улога на овој меч, тој влезе во игра во 88.минута и тоа на местото на Лоренцо Инсиње, кој се збогуваше од домашните фанови пред заминувањето во Канада.