Шарл Леклер и патеката во Монако, изгледаат како проколната комбинација. Возачот од Монако кој и оваа сезона е еден од главните ѕвезди на Ф1 шампионатот, на Историското Гран При кое се одржа на патеката во неговиот роден град успеа да го удри легендарниот болид на Ферари Ф1 со кој Ники Лауда оствари две победи во 1974 година.
Шарл Леклер возел околу патеката во Монако со историскиот болид на Лауда, изгубил контрола на свиокот Раскасе и завршил во заштитната ограда. Извештаите велат дека сериозно е оштетено задното крило на болидот.
Leclerc crashes in Monaco 💥
Charles Leclerc lost the rear end of a classic Ferrari 312 at the Monaco Historique 😣 #F1 #Formula1 #CharlesLeclerc #GrandPrixMonacoHistorique #Autosport
— Autosport (@autosport) May 15, 2022