Дика Мем потпиша договор со Барселона до 2027 година

153

Ракометниот гигант Барселона утрово потврди дека го продолжи договорот со еден од своите најдобри ракометари, Дика Мем до 2027 година. Десниот бек, чиј договор првично беше до 2024 година, постигна договор за продолжување на соработката на уште три сезони.

24-годишниот играч по потпишувањето на новиот договор изјавил:

„Ова е точка на гордост. Многу сум среќен што ќе продолжам во клубот, тоа го сакав од самиот почеток. Многу сум среќен и сега можам да се фокусирам на други работи”.

ПретходноБесарт Ибраими пред трансфер во Албанија!?
СледноБугарскиот селектор Петров го објави списокот за дуелот со Македонија! (ФОТО)