Повеќе од успешна “генералка“ за нашите момци. Победа над Казахстан во последниот пријателски меч во пресрет на ЕУРО 2020, и нашиот прв меч против Австрија на 13 јуни. Да се победи Казахстан со 4:0, и тоа во пријателски меч, и тоа со комбиниран состав, секако дека не е за потценување.
Одбраната повторно стабилна, Ристовски, Муслиу и Ристевски без многу напор си ја завршија работата. Средниот ред иако без Адеми и Барди, но затоа тука беа Спировски, Николов, Костадинов, Алиоски и Елмас, речиси одличен. Во нападот Пандев и Тричковски разиграни. Првиот со асистенција, вториот со гол.
И потоа во последните 25 минути експлозија на младите Милан Ристовски и Дарко Чурлинов.
Не го заборавивме
Блескав настап и блескави голови.
Можеме да бидеме презадоволни, одиме спремни на тоа ЕУРО 2020.