Пред неколку минути селекторот на У-21 Драган Канатларовски го објави списокот на играчи на кои ќе смета за наредните мечеви во квалификациите против Ерменија и Украина. На него ги нема стандарните репрезентативци Енис Фазлагиќ, Филип Антовски, Томче Гроздановски и Бојан Димоски.
Како што дознаваме тие ќе добијат повик од селекторо на А-тимот Благоја Милевски, кој ќе смета на на нивните услуги за претстојните мечеви во Лигата на Нации во јунскиот циклус.
Милевски минатата недела за „Спортмедиа“ изјави дека има намера да направи мало подмладување и освежување во нашата најдобар репрезентација, еве на што мислел и на кои играчи мислел.