И покрај најавите дека може да се пресели во Баерн или Борусија (Д), искусниот 31-годишен екс-словенечки репрезентативец Кевин Кампл останува во РБ Лајпциг. Како што потврија од неговиот клуб, тој го продолжил договорот со „биковите“ до 2024 година.
Кампл е дел од „семејството Ред Бул“ од август 2017 година и е на пат да ја започне седмата сезона во тимот. Досега има одиграно 170 натпревари за РБ Лајпциг со што се искачи меѓу 10-те легенди на клубот со најмногу настапи.