Погледнете го дресот на Сити за идната сезона!

623

Англискиот шампион Манчестер Сити го претстави новиот дрес со кој ќе настапува во сезоната 2022/23. Дресот е во сина боја, со црвени и бели линии на ракавите и околу вратот инспириран од минатото, поточно од шеесеттите години на минатиот век во чест на клупската легенда Колин Бел или попознат меѓу фановите како „Кралот Колин“.
Бел беше дел од генерацијата која ја освои титулата во Англија во 1969 година, а и европскиот Куп на победници на куповите во 1970 година. Тој тим на Сити од крајот на шеесеттите беше најдобриот до пред неколку години кога клубот доби арапски газди и претрпе револуција.
На официјалната интернет продавница дресот се продава помеѓу 55 и 70 фунти.

ПретходноДефанзивец на Феенорд на списокот и на италијанскиот и на аргентинскиот селектор
СледноКошаркарско лудило во Белград: Четири гиганти по европскиот трон