Познато е дека во пресрет на СП во Катар, коe се игра ноември – декември годинава, имаше многу шпекулации и контроверзи со работниците – мигранти, кои работеа на изградба на стадионите во таа земја. Се шпекулираше дека загинале илјадници и дека работеле во крајно мизерни услови. Токму затоа повеќе светски организации кои се занимаваат со човековите права, откако не наидоа на одговор од властите во Доха, сега бараат од ФИФА таа да ги обештите тие работници и семејствата на жртвите со вкупно 440 милиони долари.
Ова е сума речиси еднаква на целиот награден фонд на Мундијалот и тешко дека ФИФА ќе се сложи на вакво нешто. Инаку ова барање директно било предадено до Џани Инфантино, првиот човек на ФИФА.
Во одговорот од страна на ФИФА стои дека дополнително ќе се разгледува можноста за исплата на евентуална отштета.