Дешамп не го зема Жиру за Лигата на Нации

126

Оливие Жиру е изоставен од фудбалската репрезентација на Франција за претстојните натпревари од Лигата на нации, додека Карим Бензема се врати откако ги пропушти претходните натпревари поради повреда.

Напаѓачот на Милан Жиру постигна два гола во отсуство на Бензема на контролите против Брегот на Слоновата Коска и Јужна Африка во март за да се приближи на три гола до рекордот на сите времиња во сопственост на Тиери Анри со 51 гол. Но, овој пат селекторот Дидие Дешамп не го зема во селекцијата.

Франција на домашен терен ќе се соочи со Хрватска, па како гостин ќе отпатува во Австрија. Во јуни ја чека и дуел со Данска дома.

ПретходноРеал (М) го доби полуфиналното „Ел Класико“ и обезбеди финале на Ф4 турнирот
СледноСе бара од ФИФА да исплати 440 милиони долари за мигрантите кои работеа на стадионите во Катар!