Формула 1 се враќа во мода: На неделната трка на “Каталуња“ се очекуваат 100.000 гледачи!

222

Во недела ќе се вози Ф1 трката за ГН на Шпанија на патеката “Каталуња“ и според информациите од тамошните медиуми се очекува рекордна посета и тоа најмалку од 100.000 гледачи покрај патеката. Се вели дека ваков интерес досега немало во Шпанија за една трка во Формула во историјата на таа земја, но и така е поради фактот дека Ф1 и дефинитивно се врати во мода. Посебно по оној лански епски дуел меѓу Верстапен и Хамилтон, како и поради Алонсо, но секако и поради фактот дека Ферари оваа сезона и тоа како е конкурентен.

Па така во недела фановите на Ф1 ќе уживаат крај патеката “Каталуња“.

ПретходноДеби гол на Лука Станковски за Газијантеп! (ВИДЕО)
СледноСтевковски е херојот: “Лавовите“ преку пеналите до пехарот…и до Европа! (ВИДЕО)