ФИФА го стави на списокот Џани Сиказве за Светското првенство во Катар кое ќе се игра во ноември и декември оваа година. Тоа е судијата кој ја направи најголемата комедија на овогодишниот Африкански куп на нациите. Да потсетиме Сиказве свирна крај во 85. минута на мечот меѓу Мали и Тунис.
Потоа мораше да му покажуваат ВАР дека мечот не е 90-та минута од мечот. Потоа Сиказве го продолжи мечот, па свирна крај во 89. минута. И покрај приговор кон него, тој не ја смени одлуката и го заврши натпреварот.
Сега ќе ја дели правдата на собирот на најдобрите светски репрезентации.