Андреев и дефинитивно во Вардар

558

Најавите дека интернационалецот од Русија, Павел Андреев ќе го засили РК Вардар се обвистинија. Кружниот напаѓач за медиумите во Русија потврди дека летово доаѓа во Вардар и дека веќе има потпишано договор.

„Вистина е дека одам во Вардар. Ја користам оваа прилика да ја потврдам оваа информација. Договорот е веќе потпишан“ – изјави Андреев.

Досегашниот играч на Чеховски медведи има големо искуство како во Лигата на Шампионите така и во Лигата на Европа. Андреев исто така може да се пофали и со бројни настапи за репрезентацијата на Русија.

 

ПретходноБарселона е трета во Евролигата
СледноКавадарци се мобилизира, „Лозари“ пристигнуваат со десет автобуси