Излегоа пораките кои Мбапе и Флорентино Перез си ги размениле денеска

2139

Фудбалска Европа не престанува да се бранува за најдолгата и најжешка трансфер сага во последните неколку години. Килијан Мбапе му кажа „НЕ“ на Реал Мадрид и најавил дека ги прифаќа условите за да потпише нов договор со ПСЖ.

Во јавноста вечерва се појавија и детали за тоа што се случувало зад сцената, и како течела преписката меѓу Мбапе и претседателот на Реал, Флорентино Перез!

Медиумите велат дека Мбапе ќе има астрономска плата во Париз, дека ќе има влијание врз идните тренери на ПСЖ, но и новите засилувања, а шпанските медиуми откриваат како се одвивала неговата комуникација со првиот човек на Реал Мадрид.

„Би сакал да ве информирам дека решив да останам во ПСЖ. Сакам да ви се заблагодарам за можноста што ми ја дадовте да играм за Реал Мадрид, клуб за кој навивам уште од детството“, му напишал Мбапе на Перез во порака на „WhatsApp“.

„Повреден сум од она што се случи во последните неколку дена. Тие го уништија твојот детски сон“, наводно му одговорил Перез.

Сепак, Фабрицио Романо исто така известува дека мајката на Мбапе, Фајза Ламари, решила сè.

„Никогаш немаше потврден договор од клубот“, изјавила Ламари, нагласувајќи дека Мбапе не се откажал да оди во Реал Мадрид на нефер начин.

ПретходноТаста со пригоден подарок испратен од Прилеп (ФОТО)
СледноНиколов и Шериф Т. го освоија и Купот на Молдавија