Атлетико Мадрид цели кон Бернардо Силва

133

Шпанскиот шампион Атлетико Мадрид внимателно ја следи ситуацијата околу играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Бренардо Силва. Неодамна се шпекулираше дека Португалецот може да биде достапен за трансфер, а од неговата продажба на „Етихад“ се надеваат дека ќе соберат средства за нов централен напаѓач. Така, Атлетико може да ја искористи ситуацијата и да го одведе Бернардо на Ванда Метрополитано, тврди Франс Фудбал.

Тренерот на Атлетико,  Диего Симеоне е голем обожавател на Бернардо Силва и би сакал да работи со него. Покрај тоа, Мадрид планира да ја нападне Лигата на шампионите следната сезона и привлекувањето на 26-годишниот плејмејкер ќе биде голем дил за нив.

ПретходноЛеклер и во Баку ќе тргне од пол-позицијата
СледноНеобично: Аргентинец ќе суди на ЕВРО 2020!