Фиорентина во последното коло од италијанската Серија А успеа да избори пласман во европските купови, откако вечерва го победи Јувентус на домашен терен со 2:0 и го искористи големиот „кикс“ на Аталанта, која дома загуби од Емполи со 1:0 и остана без настап во Европа следната сезона.
Херој на „виолетовите“ беше Данкан, кој го постигна првиот гол во судиското продолжение од првото полувреме, а победата само ја потврди Гонзалес со гол од 11 метри во последните моменти на мечот.
Фиорентина сезоната ќе ја заврши на седмото место и ќе игра во квалификациите за Конференциската лига, додека Аталанта заврши на осмата позиција.
Серија А, 38. коло:
Аталанта – Емполи 0: 1
Фиорентина – Јувентус 2: 0
Лацио – Верона 3: 3