Георгиевски носител на Европското првенство во Манчестер, стартува од 1/4 финалето!

246

Дејан Георгиевски денеска во 12 часот ќе го има својот прв настап на Европското првенство кое се одржува во Манчестер, Англија. Македонскиот таеквондост и освојувач на олимпискиот медал од Токио во првото коло беше слободен бидејќи е прв носител на ова првенство.

Битката за медал на во Манчестер ја почнува од четвртфиналната фаза во категоријата +87 кг, а таму за противник ќе го има подобриот од борбата меѓу Милош Пилиповиќ (Норвешка) и Паско Божиќ (Хрватска).

Со победа Дејан ќе обезбеди полуфинале и најмалку бронза, но бидејќи Русинот Владислав Ларин не учествува на ЕП, ова е прилика за големо финале.

Првата борба  на Георгиевски можете да ја гледате на овој ЛИНК.

ПретходноМбапе со хет-трик го „зали“ новиот договор, гол за заминување на Ди Марија (ВИДЕО)
СледноМбапе веднаш почна да дели откази во ПСЖ