Одбојкарите преку Хрватска до битка за златото во Сребрената лига

179
MSLA-09-ISRAEL vs NORTH MACEDONIA
Македонската одбојкарска репрезентацијата попладнево во Струмица ќе го одигра полуфиналниот натпревар од Европската Сребрена лига. Нашите одбојкари за противник ја имаат репрезентацијата на Хрватска, која како и ние е учесник на престојното ЕП во септември.
На хартија ние сме фаворити, но тоа треба да го покажеме на терен. Добри сме, се чувствуваме мотивирано и навистина го посакуваме златото. Но ќе одиме чекор по чекор“, вели организаторот на играта на нашата селекција, Филип Деспотовски.
Дуелот со Хрватите почнува од 17 часот во салата “Парк” во Струмица со присуство на околу 500 навивачи. Веднаш по овпј дуел следува и второто полуфинале меѓу Данска и Унгарија. Победниците утре ќе се сретнат во мечот за златото.
ПретходноРаскол во репрезентацијата на Германија пред ЕУРО
СледноЛацио и Сари се пред договор