По завршување на Супер-лигата и пред стартот на главните битки за титулата, КК Пелистер без разлика на крајниот исход од плеј-офот, одлучи да ја продолжи соработката со Марјан Илиевски. Стратегот доби нов двегодишен договор, една од главните цели ќе биде развојот на кошарката во овој град.
„Одамна знаеме кои се плановите и патот по кој треба да се движи нашиот клуб. Незамисливо беше тој процес да продолжи без човекот кој го изгради овој респектабилен состав кој две години е во самиот врв на македонската кошарка. Со задоволство може да објавам продолжување на договорот на тренерот Марјан Илиевски за уште две сезони, со што КК Пелистер покажа стабилност и амбициозност и во годините кои доаѓаат. Се надевам дека оваа вест ќе ги израдува вистинските љубители на кошарката и своето задоволство ќе го покажат на нашите натпревари во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола“, рече спортскиот директор Мартин Јовановски.