Газета Дело Спорт: Хакими е првото засилување за ПСЖ ова лето

481

Досегашниот играч на Интер, Ашраф Хакими ќе биде првото засилување за тимот на ПСЖ ова лето, така тврди денешното издание на Газета Дело Спорт.

Хакими веќе ги договорил личните услови за клубот од Париз, и се чека сега само „дил“ на клупско ниво. Тој би требало да заработува осум милиони по сезона.

Проблем е сега самото обештетување затоа што Ин тер бара вртоглави 80 милиони, двојно повеќе од колку што плати кога го купуваше Хакими од Реал Мадрид, а ПСЖ засега стои на сумата 60 милиони.

Се очекува Французите да попуштат со одредени бонуси кои се поврзани со учинокот на Хакими во иднина, и да си подадат рака со раководните структири на Интер.

 

ПретходноБејл завршува по Европското првенство
СледноМакедонија У19 со реми против Бугарија (состави)