Најдобриот швајцарски голгетер стана тренер на Базел

467

Поранешниот швајцарски репрезентативец Александар Фрај е назначен за нов тренер на Базел, пренесе швајцарскиот Суперлигаш. Сега веќе 42-годишниот тренер потпиша договор со важност до јуни 2024 година.

Инаку ова за Фрај е трета самостојна тренерска работа откако една сезони беше на клупата на Вил, а потоа уште една во Винтертур. Претходно работеше во младите категории на Базел, а беше и спортски директор на Луцерн.

Сега ќе работи како прв тренер во клубот во кој ја почна и ја заврши кариерата. Инаку тој е најдобриот швајцарски голгетер со 42 голови за националниот тим, а во кариерата освен за Базел играше за Луцерн, Сервет, Рен и Борусија Дортмунд.

Како играч на Базел четири пати беше шампион на Швајцарија и два пати го освои Купот.

 

ПретходноШмит на кормилото на Бенфика: Ова е еден од најдобрите клубови во светот
СледноАнглија со двајца дебитанти во претстојните Лига на нации