Словачка остана без најдобриот, Хамшик се откажа од репрезентацијата

101

Играчот од средниот ред Марек Хамшик одлучи да стави крај на настапите за словачката фудбалска репрезентација, ова го објави словачкиот фудбалер на социјалните мрежи.

„Мислев на ова подолго време, а после 15 години дојде време да се откажам од настапите за националниот тим. Горд сум на се што постигнав со репрезентацијата. Бев дел од СП 2010 како и на ЕП 2016 и ЕП 2021. На повеќе од 50 натпревари бев капитен. Им благодарам на селекторите, соиграчите и раководството што ми овозможија да бидам дел од репрезентацијата, заедно ќе се обидеме да направиме успешен словачки фудбал“, напиша Хамшик.

Инаку Хамшик дебитираше за Словачка во февруари 2007 година, одигра 135 натпревари и постигна 26 голови, што го прави национален рекордер.

ПретходноФамилијата Малдини има 12 „Скудета“ со Милан: Почна Чезаре, продолжи Паоло, сега и Даниел освои титула
Следно„Го одбрав Баерн затоа што со нив можам да ги освојам највредните трофеи“