ОФИЦИЈАЛНО: Нико Ковач е новиот тренер на Волфсбург

126

Бундеслигашот Волфсбург го именува новиот тренер на местото на Флоријан Кофелд. Хрватскиот стратег Нико Ковач се враќа во најсилната германска лига, а сега како тренер на Волфсбург со кого потпиша договор до 2025 година. За асистент ќе го има неговиот брат Роберт Ковач.

Ковач како тренер на Ајнтрахт го освои Купот на Германија, како предводник на Баерн беше шампион и освојувач на Купот во сезоната 2018/19. Потоа една сезона беше на кормилото на Монако со кого стигна до финале на Купот на Франција, а сега почнува нова авантура во Волфсбург.

Инаку Волфсбург заврши на 12. место на табелата во Бундес лигата.

Претходно„Го одбрав Баерн затоа што со нив можам да ги освојам највредните трофеи“
СледноШмит на кормилото на Бенфика: Ова е еден од најдобрите клубови во светот