Ристовски меѓу најдобрите и според швајцарски CIES

204

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација и член на Динамо Загреб, Стефан Ристовски доби уште едно признание за одлично одиграната сезона во дресот на „Модрите“. Покрај тоа што е сврстен во идеалните единаесет на официјалниот сајт на Хрватската фудбалска федерација, Ристовски се најде меѓу најдобрите и според изборот на швајцарскиот фудбалски институт, CIES.

Истиот се бави со статистика односно истражување и анализи, па на крајот од секоја година објавува единаесетмина најдобри од 32. европски шампионати.

Во оној за ХНЛ се најде и Стефан Ристовски, заедно со уште шестмина негови соиграчи од сега веќе актуелниот шампион на Хрватска, Динамо Загреб.

 

ПретходноКаспер Руд го испрати Цонга во пензија
СледноХаланд слета во Манчестер за да потпише за Сити