Евролига драстично ја намали казната на Жалгирис за навредливите скандирања кон Звезда

96

Евролигата го осуди однесувањето на Жалгирис и неговите навивачи на натпреварот од Евролигата со Црвена звезда. Поради лоша организација на натпреварот, како и навредливи скандирања на сметка на Звезда, но и на национална основа, литванскиот клуб требаше да плати девет илјади евра, но според „Баскет Њуз“ казната на клубот му е намалена за три пати, што значи дека ќе плати три илјади евра.

Дуелот меѓу Жалгирис и српскиот тим остана обележан со навреди од трибините испратени до гостите кои не сакаа да го држат транспарент во боите на украинското знаме. Неколку дена подоцна следуваше казна, по што следуваше жалба од Литванците.

Навивачката група на Жалгирис реши да му помогне на клубот, па за една недела собра 6.607 евра за да ја плати казната. Парите му беа препратени на Жалгирис, но сега е донесена одлука казната да се намали, па евролигашот ќе добие помалку од половина од споменатата сума.

Остатокот, како што се наведува, ќе биде дониран на невладината организација која го поддржува вооружениот отпор на Украина, а таму испраќа храна за војниците и доброволците за поддршка на војната со Русија.

ПретходноИбрахимовиќ: Трпам болки и пијам таблети шест месеци поради Милан
СледноEВРОЛИГА: Бартомеу сменет после 22 години, Бодирога седнува на негово место?