Досегашниот директор на Евролигата Жозеп Бартомеу е веќе поранешен извршен директор на најсилното европско кошаркарско натпреварување. Денеска на состанокот на 11 акционери на кое требало да се расправа за иднината на ова натпреварување, меѓу кое и соработка со НБА лигата, заврши во тајност со само еден заклучок дека Бартомеу е сменет и после 22 години заминува од функцијата.
Негова смена, како што пренесува грчка Газета, гласале ЦСКА, Олимпија Милано, Жалгирис, Макаби, Олимпијакос и Панатинаикос, а на спротивната страна биле шпанските клубови со поддршка на Ефес и Фенербахче.
Не помина идејата мандатот на Бартомеу да добие уште еден мандат.
Неофицијално, Дејан Бодирога би можел да биде главен кандидат да го замени Бартомеу на директорската позиција.