Одбојкарите гледаат кон Романија: Тие се нашиот главен ривал

246

По победата на премиерата со Босна и Херцеговина во Скопје, македонската одбојкарска репрезентација замина за Романија каде в сабота во градот Галаци ќе го одигра мечот од 2. коло во групата „Б“. Романците според сите прогнози треба да бидат главниот ривал на нашата селекција за првото место во групата. Тие на првиот меч во групата против селекцијата на Албанија оставрија победа од 3:1 на гостински терен, па како и нас очекуваат да ја продолжат победничката низа.

Нашите одбојкари по вчерашниот убедлив настап во Скопје со студени глави заминуваат на ова тешко гостување.

„Романците се подобра селекција и од Босна и од албанија. Мечевите со нивб сигурно ќе бидат најдобрите во групата. Засега не можам да зборувам за нивниот квалитет, треба да погледмене некои нивни средби, да направиме анализа. Имаме време за подготовка овие два дена, па останува да покажеме што знаеме на ова гостување“, вели средниот блокер на нашата репрезентација, Филип Савовски.

Дуелот со Романија в сабота ќе се одигра со почеток во 14 часот.

ПретходноМилевски ја стартуваше операцијата „Лига на нации“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноФазлагиќ: Чест е да се биде дел од А-репрезентацијата