Екипата на Фулам се врати во Премиер лигата, а уште не се средени впечатоците од минатата сезона клубот веќе се најде во ситуација да прави реконструкција поради тоа што заминаа шест играчи.
Поточно управата реши да ги отпушти сите дефанзивци кои не беа стандардни, па така заминаа бекот Сајрус Кристи, стоперите Мајкл Хектор и Алфи Моусон, како и голманот Фабри.
Еден од најдобрите фудбалери Фабио Карваљо одамна е продаден на Ливерпул, па така се појави дупка на крилната позиција. Замина и играчот од БС Коска Жан Мишел Сери. Тој дојде од Ница, минатата сезона беше стандарден и сега доби отказ што е изненадување.
Од вчера Фулам го продаде и играчот за врска Франк Замбо-Ангис во Наполи. Тој дојде од Марсеј во 2018 година, а по неколку позајмици сега Наполи го купи за 15 милиони евра.