Причината поради која е поместено финалето на африканската Лига на шампиони е бизарна!

298

Во финалето на најважното континентално натпреварување силите ќе ги одмерат Ал Ахли од Египет и Вајдад од Мароко, а натпреварот беше планиран да се одигра на 29 мај.

Сепак, ден пред финалето беше донесена одлука мечот на сезоната во Африка да биде поместен за 24 часа, поточно да се игра во понеделник.

Причината поради која натпреварот нема да се одигра во недела е малку бизарна, но доволно говори и за влијанието на УЕФА врз светскиот фудбал.

Имено, претседателот на ЦАФ, Патрис Мотсепе, добил покана од Александар Чеферин да биде гостин на финалето од Лигата на шампионите на УЕФА помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид и решил да присуствува на натпреварот во Париз.

Плашејќи се дека нема да може да ги одработи сите обврски навреме и да присуствува на финалето на натпреварувањето кое го води, реши да го помести натпреварот помеѓу Ал Ахли и Вајдад.

ПретходноДрама на Истокот: Ќе се игра „мајсторка“, Џими Батлер „гореше“ (ВИДЕО)
СледноПодготвени се составите: Бесмртност или одмазда, Бензема или Салах, Реал или Ливерпул!