Нов судир на Иџе во ТЦР Италија: „Некои возачи не заслужуваат да возат“ (ВИДЕО)

694

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски-Иџе, не успеа да ја заврши првата трка на ТЦР Италија која денеска се возеше на патеката во Мисано. Слично како и на минатата трка, по само неколку круга тој и денеска имаше страшен судир во кој настрада неговото возило.

Поради оштетувањето на возилото, тој не можеше да ја заврши трката, а прашање е дали автомобилот ќе успеат да го „скрпат“ до утре кога е закажана и втората трка. Ако успеат да го подготват возилото, Иџе утре треба да тргне од петтата позиција.

По денешната трка Иџе објави видео на социјалните мрежи на кое зборува за инцидентот.

ПретходноВардар и официјално го потврди новиот пикер – Жереми Тото
СледноТиквеш на подготовки во Охрид, буџетот одобрен, ќе има најмалку 5-6 квалитетни засилувања!