Екипата на ЖФК Љуботен ја освои шампионската титулата во Првата фудбалска лига во женска конкуренција, во последното коло го совлада составот на Истатов на гостински терен со 3-1 и го подигна пехарот. Сите три гола за новиот првак ги постигна Едите Силва, додека на другата страна во листата на стрелци се запиша Петрушевска.
Фудбалерките на ЖФК Љуботен имаа величенствен дочек во Тетово. Навивачите и сите поддржувачи на овој тим излегоа на улиците и запалија факели, им се поклонија на шампионките.