Марсело по 15 години заминува од Мадрид

473

Најтрофејниот играч на Реал Мадрид во историјата, бразилецот Марсело, веднаш откако го подигна освоениот пехар од Лигата на Шампионите синоќа во Париз, објави дека заминува од клубот. По петнаесет годишен престој на Сантијаго Бернабе 34. годишниот Марсело конечно се простува од Кралскиот клуб.

Овои неверојатно 25 трофеји со Реал, откако пристигна во сега веќе далечната 2007 година и го одбележи еден од најдобрите периоди на клубот во историјата.

Иако не настапи на вчерашниот дуел, ова за Марсело беше петти трофеј во Лигата на Шампионите.

Трофеите на Марсело со Реал:

Примера (6) 2006/07, 2007/08, 2011/12, 2016/17, 2019/20, 2021/22

Кралскиот куп (2) 2010/11, 2013/14

Суперкуп на Шпанија (5) – 2008, 2012, 2017, 2019/20, 2021/22

Лига на Шампиони (5) 2013/14, 2015/16, 2016/17, 2017/18, 2021/22

Суперкуп на Европа (3) – 2014, 2016, 2017

Светско клупско првенство(4) – 2014, 2016, 2017, 2018

 

ПретходноЗа титулата на Реал шампањ се отвори и на „Стемфорд бриџ!
СледноКрос: Па зарем се ова прашања за освојувач на Лигата на Шампиони (ВИДЕО)