Лука Модриќ има уште една причина за славење по освојувањето на Лигата на шампионите. Репрезентативецот на Хрватска кој има 36.години во моментов потпишува нов договор со Реал Мадрид , тврди Фабрицио Романо. Според него, договорот е постигнат уште пред два месеци, и финализиран и официјално ќе биде објавен во наредните денови. Модриќ е во Реал од 2012 година и сака да ја заврши кариерата на „Сантијаго Бернабеу“.
Тој веќе освои пет трофеји во Лигата на шампионите со Реал. По победата синоќа , Модриќ изјави.
„Мислам дека по поништениот гол почнавме повеќе да веруваме, а Ливерпул почна да паничи. Тие веќе не беа сигурни и од тој момент почнавме да играме подобро. Победивме, што е најважно“ – изјави Модриќ
Beautiful news for Real Madrid during the celebrations: Luka Modrić has signed a new contract until June 2023, here we go! 🚨⚪️ #Modric
Full verbal agreement was reached two months ago – so it’s now also signed and completed. Official statement pending.
Luka se queda. 🇭🇷🤝 pic.twitter.com/C3HayEwql3
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) May 28, 2022