Куртоа: Жалам за навивачите на Ливерпул и се надевам дека сите се во ред

298

Тибо Куртоа е херојот на тимот на Реал Мадрид по синоќешниот освоен пехар во Лигата на Шампионите. Белгиецот имаше фантастична вечер на голот на Мадрид, и иако ВИнициус Жуниор беше тој што ја донесе победата со својот погодок, тоа немаше да биде така доколку Куртоа не спаси на неколку пати сигурна негатива.

Утринава пак, на големо, огромно изненадување на целата светска јавност, Куртоа и покрај славјето најде за сходно да објави на социјалните мрежи порака која е наменета за навивачите на Ливерпул. Тие имаа синоќа голем проблем да влезат на стадионот во Париз, дел од нив не го ни сторија тоа, и имаа судир со обезбедувањето односно полицијата.

„Жалам за навивачите на Ливерпул и за она што им се случи вчера. Се надеам дека сите се во ред“ – напиша Куртоа.

ПретходноДен за брејк или „метла“ во мак-баскетот!
СледноИзлажа дека е повреден, навиваше за Звезда па си доби отказ