Тотенхем почнал преговори со Дарвин Нуњез

169

Младиот уругвајски напаѓач од кеипата на Бенфика, Дарвин Нуњез се очекува да биде едно од најжешките имиња во летниот преоден рок. Редот за потпис со напаѓачот на Бенфика се чини дека расте од ден на ден.

Нуњез беше во брилијантна форма минатата сезона, постигнувајќи 34 гола на 41 натпревар во сите натпреварувања. Тој рекорд привлече интерес од некои од најголемите европски клубови, вклучително и повеќето од големата шесторка во Премиер лигата.

Според дел од шпекулациите во авторитетните англиски изданија, Ливерпул, Манчестер Јунајтед и Тотенхем се во сериозна трка за потписот на Нуњез, но ништо не заостанува ни Њукасл. Според една информација, преставници на Тотенхем веќе се сретнале со претставниците на Нуњез, но сè уште не е јасно дали имало некаква понуда.

ПретходноМакедонија “летна“ за Варна…насмевки, верба во себе, одиме на победа против Бугарија! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноЛавот Адеми го напушта Динамо за 5 милиони евра!?